Достапни линкови

Узурпаторите над правната држава


По денационализацијата наместо фудбалско игралиште, изорана нива

По денационализацијата наместо фудбалско игралиште, изорана нива

И покрај правосилни судски одлуки за доделени земјоделски парцели или пак вратен имот во процес на денационализација, узурпаторите ги спречуваат концесионерите да влезат на имотот.

Земјоделски парцели земени под наем од државата во кои концесионерите не можат да влезат заради узурпатори и покрај правосилните судски одлуки. Денационализирани имоти кои сопствениците не можат да ги стават во владение исто така заради узурпатори и покрај тоа што судот одлучил во нивна полза. Ова се неколку примери од Битолско. Првиот е случај е од село
Десет години се судев, земјата лежеше, државата не добиваше надомест. Судот носеше времена мерка да влезам, ќе влезев со полициска асистенција, ќе дојдеше цело село толпа, ме спречуваа и поднесував пак тужби. Луѓето на крајот го изгубија
спорот.
Ивањевци. Земјоделецот Тоде Лазаревски од државата под концесија зел 90 хектари земјоделско земјиште во соседното село Трновци, а селаните го попречувале да влезе. Така од нивата наместо плодови се народиле тужби.

„Траеше судскиот спор десет години, се затајуваше, интервенирав до Републички судски совет да се активира предметот, да оди. Мене ми помина петгодишниот договор, десет години се судев, земјата лежеше, државата не добиваше надомест. Судот носеше времена мерка да влезам, ќе влезев со полициска асистенција, ќе дојдеше цело село толпа, ме спречуваа и поднесував пак тужби. Луѓето на крајот го изгубија спорот. Е, сега јас треба да потегнам тужба против државата, да го барам земјиштето, морам да го работам имам пет години договор“, вели Лазаревски.

Другиот пример е во битолското село Крклино. Семејствата Ѓаковски и
Мора да завладее правото во оваа држава, имаме правосилни одлуки кои се извршни. Повеќе не би требало да има коментар во оваа насока.
Папиќ не можат да користат денационализирано земјиште од 2003 години со површина од 5 илјади метри квадратни зашто им попречуваат селаните кои местото со години го користат за фудбалско игралиште.

„И покрај правосилната судска одлука на Основниот суд од Битола, крклиснкиот спортски клуб не сакаше да го отстапи во владение, па сопствениците поведоа извршна постапка, па извршителот си презеде дејствија за предавање во владение на делот врз кој имаат сопственост. Мора да завладее правото во оваа држава, имаме правосилни одлуки кои се извршни. Повеќе не би требало да има коментар во оваа насока“, вели адвокатот Ристо Алексовски.

Сопствениците и концесионерите прашуваат зошто во државата се потребни години за да се спроведат правосилни судски одлуки и колку државни пари се одлеваат во случај да биде тужена државата за вакви апсурдни случаи?
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG