Достапни линкови

Русија ќе помага во борбата против шверц на дрога во Авганистан


Русија повеќе ќе придонесува во програмата на Обединетите Нации за борба против трговија на дрога во Авганистан. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по денешната средба со неговиот авганистански колега Залмај Расоул.
Неодамна руските агенти во заедничка рација со американските и авганистанските колеги уништиле хероин кој бил пронајден во близина на пакистанската граница.
Вредноста на уништениот хероин се проценува на 56 милиони долари.
XS
SM
MD
LG