Достапни линкови

logo-print

Прашања, без одговори


Собрание на РМ

Собрание на РМ

Пратеничките прашања се еден од инструментите за политичка контрола од парламентот врз владата. Ја остварува ли Собранието таа улога?

Пратениците на Собранието секој четврток седниците ги користат за да упатат прашања на претставниците на извршната власт на најразлични теми. Пратениците од опозицијата критикуваат што министрите не се во состојба да оговорат на прашањата на кои треба да одговори премиерот. Има и обратни ситуации. Андреј Петров од СДСМ предупреди дека во случајот од минатата недела кога тој поставил прашање добил одговор од премиерот со
Ако има потреба за некое прашање што е многу актуелно тие секогаш одговораат дека ќе добијам одговор во писмена форма.
кој била намалена важноста на темата:

„Дури ниту за оние прашања што усно им ги поставуваме, еве јас бев минатиот пат за пратенички прашања, ако ги гледате одговорите за суштинско прашање како што е слободата на говорот и медиумите, една реченица одговор добив од премиерот.“

Отворен ден во македонското Собрание во мај 2009 година

Тито Петковски од НСДП ја истакнува неопходноста од одржување расправа во Парламентот макар и ограничена. Смислата е да се види дали власта владее со состојбите во државта или се однесува недговорно, вели Петковски. Неговиот впечаток е дека владата се однесува неодговорно:

„Ако има потреба за некое прашање што е многу актуелно тие секогаш одговораат дека ќе добијам одговор во писмена форма.“

Зоран Петревски, пак, се интересира од кои мотиви опозицијата побара измени во деловникот. Со нив е скусено времетрањето за добивање одговор од половина час на 10-тина минути:

„Тие не беа задоволни од тоа и бараа да се лимитира времето за одговор на 10 минути колку што е и времето за поставување на едно пратеничко прашање, што само по себе зборува дека опозицијата најчесто е заинтересирана да коментира, а не да добие одговор на одредено пратеничко прашање.“
Опозицијата најчесто е заинтересирана да коментира, а не да добие одговор на одредено пратеничко
прашање.

Најголеми критики од опозицијата има во делот на писмените одговори. Петров и Петковски истакнуваат дека институцијата пратенички прашања станува бесмислена зошто речиси редовно не добиваат одговор на нив:

„Има пратенички прашања од ноември 2007 година, кои се уште не се одговорени. Еве пример, колку општини ја презеле обврската за компјутер за секое дете“, вели Андреј Петров.

Поинаку од опозицијата која смета дека пратеничките прашања немаат функција онака како што ги сфаќа власта и како што се однесуваат на седниците за пратенички прашања, размислува Рафиз Алити од ДУИ:

„Министрите се свесни дека нивниот одговор го слушаат многу граѓани, така што мора да бидат одговорни.“

Пратеничките прашања се еден од инструментите за политичка контрола од парламентот врз владата. Некои пратеници сметаат дека кога имаше експертска влада имало вистинска дебата меѓу пратениците и власта, а дека од тогаш наваму се повеќе има нарачани прашања од владата со цел таа да поентира, и избегнување одговори кои треба да се добиваат по писмен пат.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG