Достапни линкови

logo-print

Филе: Хрватска е во завршна фаза од преговорите


Хрватска е во завршна фаза на преговорите, но останаа уште неколку проблеми кои треба да се решат пред да се донесе одлука за затварањето на преговорите за членство во Европската Унија. Ова го изјави денеска во Загреб еврокомесарот за проширување Штефан Филе по средбата со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ. Јосиповиќ изјави дека заедно со Филе оцениле дека земјата напредува, но треба да се подобри состојбата со судството и соработката со Хашкиот суд. Во текот на денот планирано е Филе да се сретне и со хрватската премиерка Јадранка Косор.
XS
SM
MD
LG