Достапни линкови

Британија: еврозоната под притисок


Проблемите во еврозоната се продлабочуваат, е заедничката оценка на британските медиуми во врска со недовербата со која берзите ги дочекаа острите мерки за штедење во Ирска. Според Индипендент, во тек била очајничка борба за спас на еврото и за сузбивање на епидемијата која по Грција и Ирска им се заканува на Португалија. Шпанија и Белгија. Гардијан пишува дека во реалноста веќе постоеле две различни еврозони: германската на северот и втората послаба што ја чинат периферните држави.
XS
SM
MD
LG