Достапни линкови

Во Европа расте гневот поради економската криза


Во неколку европски земји расте страхувањето дека вчерашните немири предизвикани од мерките за штедење би можело да продолжат. Италијанските студенти вчера ги зазедоа универзитетските згради во Рим незадоволни од кратењето на студентските трошоци и притоа имало судир со полицијата. И британските студенти ги продолжија протестите поради плановите на владата за зголемување на школарината за три пати.
XS
SM
MD
LG