Достапни линкови

Делагација на воениот Комитет на ЕУ во посета на Македонија


Висока делегација на Воениот комитет на ЕУ, предводена од претседавачот на Комитетот шведскиот генерал Хакан Сирен од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. На средбата во Генералштабот на АРМ, пред генералот Сирен, ќе биде презентирана трансформацијата на АРМ и достигнатиот степен на реформи, учеството во мисиите надвор од земјата, а ќе се разговара и за активностите околу учеството на АРМ во проектот за развој на борбената група на ЕУ , соопштуваат од Министерството за одбрана. Претседавачот на Комитетот ќе се сретне со министерот за одбрана Зоран Коњановски. Се очекува да биде примен и од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, како и да оствари средба со претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Македонија, Владимир Ѓорчев.
XS
SM
MD
LG