Достапни линкови

logo-print

Тадиќ и Јосиповиќ за политичко помирување на двете земји


Претседателите на Србија и на Хрватска Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ синоќа во Загреб се заложија за продолжение на политичкото помирување на двете земји и се договорија дека несмеат да се отргнат од тој пат. По средбата Тадиќ изјави дека се согласиле да се променат негативните односи од минатиот век. Тадиќ очекува Хрватска наскоро да влезе во ЕУ , а потоа со себе да ја повлече и Србија, а пак таа и другите земји од регионот.
Јосиповиќ изјави дека владите на двете земји работат на иднината на државите за да можат што поскоро да излезат од затворениот круг на омраза кој однесе многу жртви и унесреќи многу луѓе. Хрватскиот претседател е свесен дека меѓу двете земји се уште постојат многу проблеми, но дека проблемите можат да се решаваат ако двете земји се пријателски настроени .
XS
SM
MD
LG