Достапни линкови

logo-print

Рен: Планот за штедење на Ирска е солиден


Планот со ости мерки за штедење е солидна основа за преговри на Ирска за помош од Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд, изјави еврокомесарот за економски прашања Оли Рен. Ирската влада донесе најстроги мерки за штедење во буџетот во својата историја. Планот вклучува намалување на потрошувачката и зголемување на даноците. Планот е поторшувачката да се намали за 10 милијарди евра и да се соберат 5 милијарди евра од дополнителни даноци , за да може да се најде решени за најголемиот буџетски дефицит во ЕУ. Усвојувањето на планот е услов Ирска да добие заем од 85 милијарди евра до ЕУ и од ММФ.
XS
SM
MD
LG