Достапни линкови

Шведска ја повлече суспензијата за депортација на Ирачани


Државната агенција за миграции на Шведска соопшти дека Европскиот суд за човекови права ја повлекува суспензијата за депортација во Ирак и оти секој случај повторно ќе се разгледува индивидуално.
Во октомври, судот им укажа на Шведска, Велика Британија и на Холандија дека ќе пресуди во корист на тужителите во сите случаи во кои Ирачани ќе ја обжалат одлуката за нивна депортација, се додека не соберат повеќе информации за безбедносната состојба во Ирак.
Шведска, која во последниве години прими повеќе Ирачани од која било друга западноевроска држава, ја заостри политиката за давање азил во 2007 година, кога во земјата дојдоа рекорден број од речиси 19 илјади Ирачани.
XS
SM
MD
LG