Достапни линкови

logo-print

Обама не размислува да се соочи со Пејлин на следните избори


Американскиот претседател Барак Обама вели дека не размислува за можноста на претседателските избори во 2012-та да се соочи со Сара Пејлин. Во интервју за Еј Би Си Обама изјави дека ги почитува политичките вештини на Пејлин, но дека сепак повеќето од своето време го поминува обидувајќи се да биде "најдобар можен претседател ". Пејлин, на изборите во 2008 година беше кандидат за заменик претседател од Републиканската партија. Таа изјави дека размислува да се кандидира на изборите во 2012 година и дека верува оти може да го победи Обама.
XS
SM
MD
LG