Достапни линкови

logo-print

Белгија обвини 9 луѓе за тероризам


Белгиските власти обвинија девет луѓе за терористички активности, по рациите спроведени во земјата но и на други места во Европа. Седуммина од обвинетите планирале напади во Белгија и регрутирале чеченски бунтовници од Кавказот кои настојуваат да создадат исламска држава во јужниот дел на Русија. Другите двајца од обвинетите припаѓаат на мрежа која бара финансиски средства и регрути за за милитантните групи во Ирак и Авганистан. Во Германија и Холандија во вторникот, беа уапсени тројцата осомничени во слични рации.
XS
SM
MD
LG