Достапни линкови

logo-print

Речиси 4 илјади луѓе лани загинале од нагазна мина


Најмалку 3 956 луѓе во светот загинале минатата година од нагазни мини, се вели во извештајот на Обединетите Нации кои го подготвија неколку организации за заштита на човековите права. Во извештајот е нагласено дека бројот на загинати е намален во однос на претходните години. Минатата година во акцијата „ Свет без нагазни мини“ биле отстранети мини од вкупно 500 квадратни километри површина во поранешните воени зони.
Пакистан, Индија и Мјанмар се наведуваат како земји во кои се уште се произведуваат нагазните мини.
XS
SM
MD
LG