Достапни линкови

Русија планира буџетски дефицит од 3,6% за 2011-та година


Долниот дом на рускиот парламент го одобри буџетот за 2011-та во кој се предвидува буџетски дефицит од 3,6 проценти. Се предвидува дека трендот намалување на дефицитот ќе продолжи и во наредните години со што до 2013 треба да достигне ниво под 3 проценти. Руската економија минатата година доживеа голем удар од глобалната економска криза, 60 отсто од руската економија се базира на извоз на енергија. Со постепеното закрепнување на економијата олеснето од неколкуте буџетски ограничувања, Русија успеа да го намали и годишниов дефицит.
XS
SM
MD
LG