Достапни линкови

Брисел за сега нема да ја повлече визната либерализација


Брисел за сега не размислува за повлекување на визната либерализација ,но потребен е зaсилен монторинг со цел спречување на бранот на азиланти. Ова го изјави белгискиот министер за правда Стефан Де Кларко по денешниот форумот во Брисел за Западен Балкан на кој учествуваа министрите за правда и внатрешни работи на земјите од тој регион.Тој додаде дека Европската Комисија ги повика сите учесници во процесот да отворат дискусија за ова прашање и повика сите држави да ги засилат секојдневните контроли и да преземет мерки за спречување на можна злоупотреба на „широко отворените европски порти“.
Де Клерк најави дека домаќин на следниот ваков состанок можно е да биде Скопје.
XS
SM
MD
LG