Достапни линкови

logo-print

Ирска ќе отпушти 24 илјади вработени во јавниот сектор


Ирската влада денеска го презентираше 4-годишниот планот за заштеда на 15 милијарди евра , кој е клучен чекор за земјата да добие меѓународна финансиска помош. Планот предвидува намалување на 24 илјади работни места во јавниот сектор, да се заштедат 2,8 милијарди евра за социјална заштита, и да се постигне зголемување на 1,9 милијарди евра од давачки кон државата.Ирската влада преговара со претставници на Европската Унија и ММФ за финасиска помош вредна 85 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG