Достапни линкови

Прилепските пазарџии загрижени за егзистенцијата


Пазарџиите од Прилеп загрижени за егзистеницијата

Пазарџиите од Прилеп загрижени за егзистеницијата

Прилепските земјоделци, кои продаваат на големо, се плашат за својата егзистенција откако локалната самоуправа реши да го пресели пазарот од сегашната локација на место, кое според пазарџиите, не е разработено.

Пецо Миноски од Росоман е долгогодишен производител на градинарски култури и овошје. Од земјоделство, вели, ја обезбедува егзистенцијата за своето семејство. Се регистрирал како земјоделец и редовно ги плаќа сите давачки кон државата. Долгови нема, мачно, но чесно со труд и мака печали по нивите. Секој пазарен ден, повеќе од 20 години, патува на иста
Тоа место не е разработено, 4 километри е одвоено од пазарот од градот, таму робата ние треба да ја фрламе или во отпад, или во река да ја
носиме.
релација до Прилеп каде на просторот до поранешниот пазар за текстил продава земјоделски култури на големо. Но, сега неговата егзистенција, вели е загрозена, зашто бил известен дека треба пазарот да се пресели на друга локација во близина на железничката станица кај Сточното пазариште.

Земјоделецот Пеце Миноски

„Тоа место не е разработено, 4 километри е одвоено од пазарот од градот, таму робата ние треба да ја фрламе или во отпад, или во река да ја носиме. Од градоначалникот бараме овие тараби што се овде заградени, да ги тргнат да ни се ослободи паркингот, за да си продаваме овдека, да си ја раниме фамилијата.“

Миноски вели дека е сериозно загрижен за својата егзистенција. Тој, заедно со другите земјоделци, бара од локалната власт да ја задржи и натаму истата локација или крајно, ако веќе нема друг излезе да им се обезбеди простор за
Од градоначалникот бараме овие тараби што се овде заградени, да ги тргнат да ни се ослободи паркингот, за да си продаваме овдека, да си ја раниме
фамилијата.
продажба на големо но сепак во центарот на градот.

„Бараме прво плац да ни се обезбеди за да работиме за на големо робата да си ја продаваме и на големо и на мало, прибидејќи граѓаните се научени овде на овој плац 20 години да се продава и да се купува на мало и на големо. А, они како одредено место ни го третираат, да не тераат кај Сточното пазариште.“

Вознемирени, земјоделците се жалат, дека државата не презема никакви мерки да им обезбеди услови за работа, а од друга страна постојано им се бара редовна исплата на даноците.

„Бараме плац поново или овдека да биди кај џамијата или овој плац овде, да ни одреди.“

„Мора да се бориме ние, мора да раниме фамилија.“

„Даноците почнаа да идат веќе дома, пишува ако не се плати данокот ќе идиме од дома ќе ви конфискуваме или плугој или трактори“, реагираат земјоделците.

Но, од локалната самоуправа стигнуваат смирувачки тонови дека новата локација кај Сточното пазариште се уредува, дека ќе се гради и одредена инфраструктура за да може земјоделците да имаат услови за работа.
Според зборовите на градоначалникот Марјан Ристески на локацијата во центарот на градот, за кусо време струмички инвеститор треба да започне изградба на административно-деловен центар со катна гаража, согласно со деталниот урбанистички план на локалната самоуправа.
Но, до почетокот на градежните работи, земјоделците можеби и можат да продаваат на старата локација, вели градоначалникот Ристески доколку најдат солуција со струмичкиот бизнисмен.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG