Достапни линкови

Баконсчи: Руските трупи да бидат заменети со мировна мисија во Трансдњепар


Романскиот министер за надворешни работи Теодор Баконсчи изјави дека присуството на руските трупи во Трансдњепар, отцепената република од Молдавија е контрадикторно и анахроно.
Тој ги поздрави новите односи на Русија и НАТО и содаде дека постои политичка волја да се стави крај на Студената Војна и на сите замрзнати конфликти кои ги заоструваа односите меѓу НАТО и Русија.
Околку илјада војници се уште се во овој регион по воениот конфликт од 1990-та година. Баконсчи бара руските трупи да бидат заменети со мировна мисија во која ќе биде вклучена и Европската Унија.
XS
SM
MD
LG