Достапни линкови

logo-print

Србија очекува статус кандидат за членство во ЕУ до крајот на 2011-та година


Србија до крајот на јануари ќе одговори на прашалникот на Европската Комисија и се надева дека до крајот на 2011-та година ќе добие статус кандидат за членство во Европската Унија. Ова го изјави денеска српскиот премиер Мирко Цветковиќ отакко го доби прашалникот од еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Филе изјави дека Србија се наоѓа во добра позиција на патот кон ЕУ, но целосната соработка со Хашкиот трибунал останува важен елемент за евроинтеграциите на земјата.
XS
SM
MD
LG