Достапни линкови

Негативни ефекти од кризата во еврозоната?


Грција, Португалија, Шпанија и Ирска го добија терминот „PIGS“ поради проблемите што ги предизвикаа во европската економија

Грција, Португалија, Шпанија и Ирска го добија терминот „PIGS“ поради проблемите што ги предизвикаа во европската економија

Засега се е во ред, но можни се негативни ефекти, поради економската криза што ја „тресе“ ЕУ.

Свињи! Или на англиски PIGS. Економистите во Европа ја користат оваа скратеница за идентификување на четирите земји, Португалија, Ирска, Грција и Шпанија, чии буџетски дефицити, според аналитичарите, ја растресоа макроекономската стабилност во еврозоната. Дали и како оваа ситуација ќе се рефлектира во Македонија? Судејќи по изјавите на бизнис
Можам да кажам дека бројките и податоците што ги имаме сега, постои одредено закрепнување во овој дел.
заедницата, за сега се` е во ред, а за во иднина може да се очекуваат негативни ефекти, посебно кај извозно-ориентираните претпријатија.

Извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов вели дека, благодарејќи на солидарноста на земјите членки на Европската унија, состојбата со извозот се стабилизира:

„Така што за нас како мали и средни претпријатија битно е стабилизирање на состојбата со побарувачката од страна на грѓаните и стопанството во еврозоната, така што можам да кажам дека бројките и податоците што ги имаме сега, постои одредено закрепнување во овој дел.“

Власта понуди соодветна поддршка за конкуретноста на македонските производи во странство со инвестирање во субвенции, вели Алексов. Но, дали таквата поддршка ќе ја има и во иднина, посебно ако се има предвид дека
Очекуваме позитивен резултат и со активирање на економските промотори и во делот на извозот на македонските производи согласно законот од јули оваа година.
странски претставници во земјава веќе забележаа дека догодинешниот буџет на државните агенции надлежни за подршка и промоција на македонските производители во странство е скромен? Алексов се надева дека во 2011-та ќе се случи предвидената промоција на нашите производи во странство:

„Очекуваме позитивен резултат и со активирање на економските промотори и во делот на извозот на македонските производи согласно законот од јули оваа година, така што гледам дека Агенцијата за странски инвестиции се подготвува интензивно во тој дел.“

Со оглед на состојбата, европскиот пазар нема да има капацитет за производи од земји кои не се членки на Унијата, смета бизнисменот Ристо Гуштеров:
Стимулациите за извоз не се присутни, а како второ европската економија не ќе има таков раст за да апсорбира поголем извоз од земјите кои што се надвор од ЕУ.


„Стимулациите за извоз не се присутни, а како второ европската економија не ќе има таков раст за да апсорбира поголем извоз од земјите кои што се надвор од ЕУ.“

Кризата во еврозоната и ситуацијата во Ирска на некој начин ќе се одрази на економските текови во Македонија, вели Гуштеров и забележува дека економскиот раст предвиден со догодинешниот буџет е нереален:


„Бидејќи од економскиот раст кој што се очекува во земјите на ЕУ, каде што Македонија е и најмногу поврзана со своето стопанство, ќе повлечат да економијата во Македонија порасне за толку колку што владата најавува.“

Инаку, премиерот Никола Груевски посочи дека можни се индиректни ефекти од кризата во еврозоната. Останува да се види што точно ќе почувствува земјава од економскиот свински грип во Европа, и како надлежните ќе се справат со евентуалните ефекти предизвикани од европските земји, популарно познати како PIGS.
XS
SM
MD
LG