Достапни линкови

logo-print

Наскоро нацрт- буџет на ЕУ за идната година


Европската Комисија во наредните неколку дена, а најдоцна до 1 декември, ќе го претстави нацрт буџетот за 2011 година, изјави претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо. Тој изрази надеж дека потоа, во наредните 15 дена, Европскиот парламент ќе постигне спогодба за тоа со владите на Унијата, додавајќи оти буџетот е премногу важно прашање за да се доведе во опасност. Европратениците и натаму не попуштаат и одбиваат да го усвојат буџетот на ЕУ, поради што е доведено во прашање финансирањето на клучните проекти. Ова е прв буџет на Унијата што се усвојува во согласност со Лисабонскиот договор, кој на Европскиот парламент му дава право за заедничко одлучување со земјите членки.
XS
SM
MD
LG