Достапни линкови

Русија и Кина ќе тргуваат со своите валути


Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека Кина и Русија се договорија да ја зголемат употребата на националните валути во билатералната трговија. По средбата со кинескиот премиер Вен Џиабао, Путин изјави дека таквото тргување ќе стартува наредниот месец.
До сега трговијата меѓу двете земји најчесто се одвиваше со американски долари.
Кина ја охрабрува употребата на јуанот во прекуграничната трговија со цел да ја намали својата зависноста од вредноста на доларот.
По средбата двајцата премиери потпишаа договор за изградба на уште два нуклеарни реактори во близина на Шангај.
XS
SM
MD
LG