Достапни линкови

Муслиу признал дека досијата ги добил од ДПА


Приведениот порашенен службеник во Службата за државна безбедност, Хисен Муслиу признал дека ги имал материјалите за спорните досија од тајните служби пред да бидат објавени и дека ги добил од најтесното раководство на ДПА. Ова денеска го изјави потпаролот на македонското министертво за внатрешни работи, Иво Котевски. Тој додаде дека во разговорот во полициската станица, Муслиу рекол дека тоа го направил за да и се оддолжи на партијата и поради ветувања за функционерка позиција доколку партијата се врати на власт.Котевски истакна дека сега се разгледуваат неколку основи за кривично гонење на Муслиу
XS
SM
MD
LG