Достапни линкови

Универзитетски рамковни вработувања?


Универзитет Св. Кирил и Методиј

Универзитет Св. Кирил и Методиј

И покрај информациите во јавноста, во владата се уште без одговор дали ќе има вработувања според Рамковниот договор.

Дали во високо-образовните институции ќе се вработуваат професори по Рамковен договор? Ова го хипотезираат дел од македонските печатени медиуми. Додека од Владата велат дека правичната застапеност важи и за образованието без јасен одговор дали ќе има универзитетски вработувања по рамковен, професорите велат дека до нив за прв пат стигнало барање да се изјаснат за нивната етничка припадност. Од канцеларијата на Европската
Без разлика, и тие имаат обврска, а што се однесува до квалитетот пред се ние како граѓани на Македонија, односно и како Албанци сметаме дека квалитетот е побитен, односно и покрај правичната застапеност треба и квалитетот да се
следи.
унија во Скопје, пак, единствено порачуваат дека при евентуални рамковни вработувања мора да се запази професионалноста.

Вицепремиерот за спроведување на Охридскиот рамковен договор Абдулаќим Адеми вели дека сите државни институции треба да го почитуваат принципот на правична застапеност. А што е со универзитетите?

„Без разлика, и тие имаат обврска, а што се однесува до квалитетот, пред се ние како граѓани на Македонија, односно и како Албанци сметаме дека квалитетот е побитен, односно и покрај правичната застапеност треба и квалитетот да се следи.“

Со слична изјава и евроамбасадорот Ерван Фуере:

„Луѓето треба да бидат именувани врз основа на нивната професионалност и ние се надеваме дека владата ова ќе го следи.“

Евроамбасадорот Ерван Фуере и вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор Абдулаќим Адеми

Но, дали до сега се следеше принципот на професионалност и квалификации? Еве извадок од прилог на Радио Слободна Европа во кој анонимен административец говори за тоа како се работи со седење дома:

„Црпиме пари од државата без работа - ’Лежи лебу да те јадам‘, за нас е многу непријатно, ние воопшто не сме виновни за тоа. Гледаме по министерствата има по 150 луѓе на договор на дело, партиски војници иако да бидам искрен не е дека и ние сме непартиски. Обично кај што се министри Македонци не враќаат назад, каде што се Албанците министри преполно е, и едноставно нема каде да не сместат. Се чувствуваме како пензионери.“

Дали ова му се заканува на образованието? Професорите на универзитетот немаат информации за најавени рамковни вработувања. Сепак, професорката Биљана Ванковска вели дека добиле барање да се изјаснат за својата етничка припадност:

„Она што крајно вознемирува е дека целиот работен век поминат на Универзитетот, целата кариера напредувала според некои научни критериуми и сега одеднаш чувствувате дека ’ветерот‘ на онаа ’рамковна демократија‘ или некој бара спроведување на правична застапеност на заедниците на Универзитет, и тоа е нешто што длабоко се коси и со интегритетот и со автономијата на Универзитетот и воопшто со начинот на кој ние функционираме.“

Инаку по денешната средба со вицепремиерот Адеми, евроамбасадорот Фуере истакна дека ефектите од имплементацијата на Охридскиот рамковен договор ќе бидат видливи догодина.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG