Достапни линкови

Маџиров со нов албум


Новиот албум на Маџиров во издание на Скопје џез фестивал
Новиот албум на Маџиров во издание на Скопје џез фестивал

Roots On A Roof / Balkano Nuevo е насловен новиот албум на македонскиот вибрафонист, мајстор на изведба на празни шишиња, музички номад и џез музичар Зоран Маџиров. Албумот е во издание на продуцентската куќа Скопје Џез Фестивал.

Зоран Маџиров низ годиниве наназад се стекна со репутација на музичар кој успешно настапува насекаде во светот – од Њујорк, преку било која европска метропола до родната Струмица. Овој музички номад деновиве, пак, го потпиша и својот нов проект, албумот насловен како Roots On A Roof / Balkano Nuevo , објава за која самиот знае да каже дека е создадена под силно влијание на богатата македонска фолклорна традиција, но дека претставува и исчекор во современата музика.

„Овој албум е испишан од прва до последна нота, така што е комплетно или моја музика или мое видување, како би требало да звучи балканската музика во денешно време. Еден вид е т.н. музичка еволуција бидејќи ние како луѓе,
Овој албум е испишан од прва до последна нота, така што е комплетно или моја музика или мое видување, како би требало да звучи балканската музика во денешно време
како Македонци, како нација одиме напред иако имаме силна традиција.“

Ова издание доаѓа по неговиот умешен излет во сферата на вкрстувањето на електронската музика со џезот од 2006 година што го стори на албумот Bootling Jazzy и по музиката за филмот на режисерот Иво Трајков – Созерцание што беше снимен како македонско чешка копродукција две години подоцна. На него Маџиров соработува со редица македонски музичари како виолинистите Марина Чадо и Владимир Крстев, саксафонистот и кларинетистот Зоран Крагуевски, Тони Пецанов на хармоника, басистот Оливер Јосифовски, Гоце Стевковски на тапани и други.

„Тоа беше една магија, телепатија меѓу нас.. Кога дојде Владимир Крстев вториот виолинист како да му течеше ,,мед" од прстите кога почна да свири на виолината она што тој мислеше дека е потребно во поглед на соло, а и читајќи ги партитурите и јас се почувствував толку среќен како никој пат досега во едно студио.“

По промоцијата на албумот џез музичарот се подготвува и за голем концерт во Скопје што би се случил наскоро, а наедно ги најавува и своите нови патешествија по светот како и можноста Roots On A Roof / Balkano Nuevo да се најде и во каталогот на некоја од познатите светски издавачки етикети.

„За некои шест недели ќе биде голем промотивен концерт во Македонија, а јас одам надвор и без друго во текот на декември, од старите проекти уште настапи, свирки... После веројатно ако имам среќа во средината на следната година и да се почне да се настапува и во светот.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG