Достапни линкови

logo-print

Налог за апсење на синот на поранешниот ирански претседател


Иранскиот суд издаде налог за апсење на синот на опозицискиот лидер и поранешен претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, Махди Хашеми јави државното радио. Тој е обвинет за потикнување на постизборните протести минатата година. Во налогот е наведено дека Махди Хашими ќе биде приведен откако ќе пристигне во земјата. Инаку тој веќе една година живее во Велика Британија. Минатото лето во Иран се оддржаа масовни демонстрациии по претседателските избори за кои опозицијата смета дека се фалсификат.
XS
SM
MD
LG