Достапни линкови

Груевски се сретна со британскиот премиер Камерон


Македонскиот премиер Никола Груевски во Лондон се сретна со неговиот британски колега Дејвид Камерон. На средбата двајцата премиери разговарале за развојот на билатералните односи, политичката и економската состојба на Македонија и за спорот со името со Грција, јавува новинската агенција МИА. По средбата Груевски изјавил дека Камерон покажал интерес за спорот со името и оти Британија ја поддржува Македонија и подготвена е да и помогне во исполнувањето на сите стратегиски цели. При дводневната посета на Лондон, Груевски ќе учествува и на Евопскиот лидерски форум во рамките на Неделата посветена на бизнисот.
XS
SM
MD
LG