Достапни линкови

Ќе има ли поскапување на патарините?


Дел од патиштата ќе ,,одат" под концесија

Дел од патиштата ќе ,,одат" под концесија

Владата има намера да дава патишта низ Македонија под концесија, бидејки очигледно нема пари во буџетот за покрупни инвестиции во инфраструктурата. Постои загриженост дека евентуалниот концесионер ќе ги зголеми цените на патарините. Хрватска, на пример, во изминатите години се задолжуваше за изградба на автопати низ земјата, но сега прибира огромни приходи од патарините.

Цените на патарините ќе се утврдува во рамки на методологијата за наплата чија цена ја утврдува Владата. Ова е одговорот што го добивме од Министерството за транспорт и врски на прашањето - Како и кој ќе ги утврдува цените на патарините и колкава е опасноста од нивно драстично зголемување, откако дел од патиштата ќе се дадат под концесија?
Меѓутоа во ваков однос тие ќе треба да бидат детерминирани од напред со договор за концесија

Дел од економистите, пак, повикуваат начининот за утврдување на цените да биде дел од концесискиот договор.
Професор Абдулменаф Беџети вели дека ако моделот на концесија прецизно не го предвиди начинот на утврдување на цените на патарини, има одреден ризик од поскапување.

,,Мислам дека во иднина ќе треба посебен модел за регулирање на надоместокот на патарините под услов на приватно јавно партнерство, тоа е сосема друг модел од моделот кога е сосема во јавна сопственост како што е владата, тогаш владата е таа што регулира, меѓутоа во ваков однос тие ќе треба да бидат детерминирани од напред со договор за концесија."

Во Министерството посочуваат дека со давањето на дел од патиштата под концесија, Владата сака да ја унапреди и развие патната инфраструктура, односно да се постигне „модерен транспортен сектор што директно ќе влијае на подобрување на сувоземните врски и пораст на економијата“.
За да ги извадат парите мора да ја зголемат цената

Граѓаните, пак, се чини дека отрпнале на поскапувања.

,,За да ги извадат парите мора да ја зголемат цената."

,,Нека прават што сакаат, државата ја продадоа, а не пак патарини."

,,Вчера дојдов од Шведска, таму патарини нема. Си плаќаш на годишно ниво преку регистрацијата и толку."



Владата ги дава под концесија патните правци Крива Паланка – Романовце,
Нека прават што сакаат, државата ја продадоа, а не пак патарини...
Кочани – Штип, Миладиновце – Штип, како и патната делница Миладиновце - Штип преку Свети Николе, во вкупна должина од 138 километри. Вклучени се и патните правци Миладиновце – Скопје – Хиподром и обиколницата околу Скопје со должина од 38 километри.
Вториот пакет ги опфаќа патните правци Стенковец – Блаце, Гостивар – Ќафасан, Требениште – Охрид, Струга – Подмоље, патната делница Гостивар – Букојчани – Кичево, Кичево – Требениште, Требениште – Охрид, Требениште – Струга, Струга – Ќафасан и Струга – Подмоље со вкупна должина од 141 километар. Во вториот пакет влегува и веќе изградениот автопат Скопје – Тетово – Гостивар со должина од 54 километри.
Концесијата ќе се доделува за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на дел од патиштата, за период од 35 години. Според првичните проценки, идниот инвеститор треба да вложи околу една милијарда евра во изградба на овие патни правци, велат во Министерството за транспорт и врски.
Пет меѓународни конзорциуми ги исполнија условите и имаат право да достават понуди за концесионирање на овие патишта.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG