Достапни линкови

logo-print

Нова партија?


Граѓани на гласање. Формирањето на нова партија ,,спас" од сегашната политичка апатија?

Граѓани на гласање. Формирањето на нова партија ,,спас" од сегашната политичка апатија?

Без оглед на многуте анкети за рејтингот на политичките партии и различноста на добиените резултати, заедничко им е дека огромен е процентот на неопределени или на оние што немаат намера да гласаат. Тоа покажува дека голем дел граѓаните се разочарани од владејачките партии, но не им веруваат ни на опозиционите. Затоа, според екпертите, за да се привлечат неопределените, има простор за нова политичка опција или пак некоја од актуелните поголеми партии треба да понуди конкретни решенија за најголмеите проблеми во Македонија

Има простор за појава на нова политичка партија, која би можела да ги освои гласовите на неопределените граѓани, велат експертите. Политичката апатија која постои меѓу граѓаните е поради долгиот период без резултати и тоа
Кога би се појавила некоја нова опција која би се презентирала како многу сериозна опција таа би направила радикален пресврт во политичкиот амбиент во Макеоднија. Објективна, плодна почва има
значи дека тие ја загубиле довербата и кај власта и кај опозицијата, вели професорот Мерсел Биљали. Според него тоа е минус за опозицијата, бидејќи тие што не се за власта не се сигурни дали некоја друга опција може да ги остварува нивните интереси.

,,Кога би се појавила некоја нова опција која би се презентирала како многу сериозна опција таа би направила радикален пресврт во политичкиот амбиент во Макеоднија. Објективна, плодна почва има."

Според Марија Ристевска од Центарот за истражување и креирање политики ниту една од политичките партии за неопределената група не нуди решенија кои се атрактивни за да се определат да гласаат за нив, а тоа значи дека тие не ги анализираат нивните потреби. Со тоа вели Ристевска се отвара простор за
Имаме многу примери каде што дури и кратко време пред избори се формирале партии кои успешно успеале да апсорбираат гласови на самите избори
нови опции.

,,Имаме многу примери каде што дури и кратко време пред избори се формирале партии кои успешно успеале да апсорбираат гласови на самите избори, така што и тоа е една реална можност."

Биљали вели за да биде конкурентна новата партија треба да има добра финансиска позадина.

,,Сите се свесни дека која и да е, интелектуалниот потенцијал и идеалот кој ќе може да се понуди и можеби и моралниот кредибилитет, но ако се нема силни финансии поддршката не верувам дека може толку брзо да дојде."

Ристевска смета дека и постоечките партии може да се наметнат како главни играчи кај гласачите.

,,Во принцип таквиот вакум којшто е воспоставен, којшто е актуелен во моментов може да биде неутрализиран и од постоечките политичките партии доколку понудат соодветни решенија или пак секогаш постои можност за формирање на нова политичка партија за тоа да го направи."

Според последните анкети доколку се спроведат избори околу 20 отсто од граѓаните би гласале за владејачката ВМРО ДПМНЕ, а опозициската СДСМ би добила поддршка од над 10 проценти. Албанските партии би освоиле речиси 10 проценти, а другите 50 отсто или се неопределни или нема воопшто да излезат на гласање.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG