Достапни линкови

Лажен талибанец на разговори со Карзаи?


Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи негира средба со човек кој се преставувал како главен лидер на талибанците.
Според Њујорк Тајмс, човекот со кој наводно се сретнал Карзаи бил чувар од Кета во Пакистан. Нему, според дипломатски извори, му биле дадени пари, да учествува во разговори.
Според авганистански извори, пак човекот кој се преставувал како талибанецот Мула Акхтар Мансоур, бил шпион на пакистанската разузнавачка служба ИСИ.
XS
SM
MD
LG