Достапни линкови

logo-print

Ракетни престрелки на Корејскиот полуостров


South Korea -- Smoke rises from South Korean Yeonpyeong Island after being hit by dozens of artillery shells fired by North Korea, 23Nov2010

South Korea -- Smoke rises from South Korean Yeonpyeong Island after being hit by dozens of artillery shells fired by North Korea, 23Nov2010

Ракетни престрелки по тврдењето на Пјонгјанг дека има нов капацитет за збогатување на ураниумот.

Северна Кореја изврши ракетен напад преку спорната поморска граница во кој има загинато двајца војници, 13 се повредени и опожарени се куќи на јужно корејската страна. Сеул возврати со оган, а овој инцидент доаѓа по тензиите околу тврдењето на Пјонгјанг дека има нов капацитет за збогатување на ураниумот.

Армијата на Јужна Кореја соопшти веднаш возвратила со оган.
Според известувањата, десетици куќи на јужно корејскиот остров Јеонпијеонг гореле. Северна Кореја не ја признава западната граница обележана од Обединетите Нации по корејската војна во 1950 – 1953 година.

Денешниот инцидент доаѓа по тензиите околу тврдењето на Северна Кореја дека има нов капацитет за збогатување на ураниумот.
Американскиот пратеник во Северна Кореја Стивен Босфорт изјави дека Пјонгјанг провоцира со производството на збогатен ураниум.
Сериозно сме загрижени. Не сметаме дека станува збор за криза, туку за сериозен развој на настаните ...

„Ние жалиме за ова и сериозно сме загрижени. Не сметаме дека станува збор за криза тука за сериозен развој на настаните. Веруваме дека Северна Кореја ги крши меѓународните договори како и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите Нации“

Босворт претходно имаше обраќање во Сеул, Јужна Кореја, по разговорот со официјални лица на Северна Кореја и по коментарот на еден американски нуклеарен научник дека тој во земјата посетил фабрика за збогатување ураниум, која има можност за производство на нуклеарна бомба.
Портпаролот Стивен Кроули во Вашингтон изјави.
Војници на двете Кореи

„Секоја потенцијална експанзија на северно корејската нуклеарна програма преставува голема грижа. Тоа е така поради тоа што Пјонгјанг е негален дистрибутер и на потенцијално нови капацитети.

Нивното минато сугерира дека тие тоа можат да го направат достапни и за други земји.“

Специјалниот пратеник на САД во Северна Кореја Босфорт денеска најави

„Ние секако ќе ги одржиме постоечките санкции се додека Северна Кореја не направи значителен прогрес за исплнување на обврските за денуклеаризација“.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG