Достапни линкови

Јужна Кореја - Северна Кореја стрелаше со ракети преку морето


Армијата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала ракети преку спорната поморска граница кои паднале на брегот на јужно корејскиот остров. Јужна Кореја веднаш возвратила со оган.
Според известувањата, еден војник загинал, неколку лица се повредени и десетици куќи на јужно корејскиот остров Јеонпијеонг се во пламен.
Северна Кореја не ја признава западната граница обележана од Обединетите Нации по корејската војна во 1950 – 1953 година.
Денешниот инцидент доаѓа по тензиите околу тврдењето на Северна Кореја дека има нов капацитет за збогатување на ураниумот.

XS
SM
MD
LG