Достапни линкови

logo-print

Премиерот Груевски во посета на Велика Британија


Претседателот на владата на РМ Никола Груевски денеска и утре ќе престојува во посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Во рамките на посетата премиерот Груевски ќе има средба со неговиот британски колега Дејвид Камерон, а предвидена е и пленарна средба на делегации на владите на двете земји. За време на посетата на Лондон Груевски ќе учествува и ќе има обраќање на Европскиот лидерски форум, што се одржува во рамките на стопанската недела организирана од Блумберг. Посетата ќе биде искористена и за средба со македонски иселеници.
XS
SM
MD
LG