Достапни линкови

Форум „ЕУ-Западен Балкан“ во Брисел


Денеска во Брисел почнува форумот „ЕУ - Западен Балкан“ на кој ќе учествуваат министри за правда и за внатрешни работи од ЕУ и од земјите од регионот, меѓу кои и македонските министри за правда Михајло Маневски и за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Маневски ќе се обрати на сесијата на тема „Независност на судството и обвинителството“. Како што соопшти Министерството за правда, Маневски во Луксембург ќе има средба со претседателот на Европскиот суд на правдата, Василис Скурис.
XS
SM
MD
LG