Достапни линкови

Украина презема чекори да добие визна либерализација


Украина и Европската Унија постигнаа договор за чекорите кои треба да бидат преземени околу настојувањето на Киев Украинците да добијат визно олеснување за патувања во земјите на Унијата. Акциониот план беше договорен на состанокот во Брисел меѓу украинскиот претседател Виктор Јанукович и шефот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј. Планот го обврзува Киев да оствари подобрувања во граничната контрола, миграцијата и азилантската политика доколку планира да ги достигне стандардите на ЕУ.
XS
SM
MD
LG