Достапни линкови

Состојбата во Дубровник се нормализира


По поплавата во центарот на Дубровник, дождот вчера попладне претстана да врне и состојбата се нормализира, соопштено е од хрватскиот завод за заштита и спасување. Надлежните служби работат на нормализација на состојбата а пожарникарите имале безмалку 130 интервенции. Надојдената вода поплави поголем број станбени објекти на подрачјето на Дубровник и околината, особено во стариот дел на градот. Нивото на водата на Страдун достигна 40 сантиметри.
XS
SM
MD
LG