Достапни линкови

Иран испрати 100-тина таџикистански студенти дома


Над 100 таџикистански студенти кои изучуваат религија во Иран денеска се вратени во својата земја.
Таџикистанскиот потпарол на министертвото за надворешни работи, Давлат Назаров изјави дека повеќето од нив незаконски студирале во верските училишта и оти државата законско право да го регулира тој процес и да побара да им бидат вратени дома студентите.
Таџикистанската влада побара од неколку земји да ги вратат дома таџикистанските студенти, откако во последниве два месеца се зголеми насилството во источниот и северниот дел на земјта, предизвикано од забранети исламистички групи.
Покрај Иран и Египет врати во Таџикистан над 100 студенти кои нелегално студирале на универзитетот „Ал Азхар“.
XS
SM
MD
LG