Достапни линкови

Турција и Египет ќе формираат Совет за соработка


Турција и Египет се договорија да формиратт Совет за соработка на високо ниво. Ова го изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу по средбата со неговиот египетски колега Ахмет Али Абул Гејт.Тој додаде дека со формирањето на стратешкиот Совет за соработка ќе почне нова ера во билатералните односи кои ќе станат сеопфатени. Договорот ќе биде потпишан за време на посетата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на Египет.
Египетскиот министер за надворешни работи Гејт изјави дека Каиро и Анкара се согласни дека прашањето за иранската нуклеарна програма треба да се реши по мирен и дипломатски пат.
XS
SM
MD
LG