Достапни линкови

Почна судскиот процес против поранешниот потпретседател на Конго


Поранешниот потпретседател на Конго Жан Пјер Бемба денеска за обвиненијата за убиство, силување и грабеж се изјасни дека е невин на почетокот на судскиот процес за воените злосторства. Судењето на Бемба е трет случај кој е под го испитува Меѓународниот суд за криминал од 2002-та година кога започна со работа судот. Бемба, кој се очекува да биде потенцијален кандидат за претседател на наредните избори, е највисокиот фунционер на кој судот му одреди мерка притвор.Обвинителот смета дека случајот на Бемба ќе ја дефинира легалната законска одговорност на командантот за контрола врз воените трупи.
XS
SM
MD
LG