Достапни линкови

Професорите без работа?


Наталитетот во Македонија е толку намален, па во одделенијата има се помалку ученици. Од СОНК стравуваат дека дел од професорите ќе останат без работа.

Во последните неколку години некои училиштата се токлку многу разредени така што се случува учител што е пред пензија да нема часови. Ова поврзува со намалување на бројот на ученици што секаде во светот се поставува како проблем. За да се убалжи ударот од технолошки вишок Синдикатот за Обарзование и Наука најавува дека ке бара измени на законот за основно и за средно образование. Во интерес на локалната и централната власт е да има што повеќе деца во едно одделение, односно да има што помалку паралелки за да ангажираат помалку наставници но се помалку и помалку деца имаме во образованието а со тоа имаме и реални с травувања дека ќе има технолошки вишок вели новиот преседател на СОНК Јаким Неделковски.
Така што голем дел на наставници, професори ќе останат без работа само заради тоа што наталитетот во Макеоднија е многу низок. Сегашното решение е 24 до 34 ученици во одделение


,,Така што голем дел на наставници, професори ќе останат без работа само заради тоа што наталитетот во Макеоднија е многу низок. Сегашното решение е 24 до 34 ученици во одделение."

Некои идеата на СОНК ја сметаат како оправдано и потребно. Горица Илиоска претседател на здружението на директори во основните училишта смета дека треба да има поголема дискусија Ова идеја беше тема на дискусија и со стариот претседател на СОНК. Се намлува бројот на децата, ке се реши проблемот и со вработување и со вишок на кадар и квалитетот, вели Илиоска:

,,Веќе секаде се намалува бројот, значи прв услов за квалитет пред се е намалувањето на бројот на ученици, а се понатаму е пропратно."

Но , може да се слушнат и поинакви решенија. Ненад Новковски поранешен министер за образование смета дека начинот за намлување на бројот на ученици не е соодветен. Кога би се напрвиле помалку паралеки не би биле ефективни. Во помали паралелки нема мотивација, нема конкуренција комнтира Новковски и сугерира дека она што вообичаено се прави е пренасочување на наствниците за поспецијализирани задачи:

,,Наставниците би биле ангажирани значи во работата со талентираните ученици или пак со ученици со посебни потреби, во советодавна функција и во унапредувањето на образованието."

На таков начин според него едновремено треба да биде решен и пробелмот со сменското работње. Ако се направат помали паралелки ке остане истиот број на смени.Потребно е да се намли бројот на смени а да се згоелму бројот на вонаставни активности додава Новковски Инаку во Синдикатот најавија дека Има и други начини на заштита на кадрот според исксустава од други земји. На пример наместо во пензија да се оди од 62 и 64 годишна возраст СОНК размислуваа тоа да биде до 56 и 58 годишна возраст.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG