Достапни линкови

Груевски утре ќе се сретне со Камерон во Лондон


Македонската влада соопшти дека премиерот Никола Груевски при дводневата посета на Велика Британија ќе се сретне со британскиот премиер Дејвид Камерон. За време на посетата на Лондон, Груевски ќе има обраќање на Европскиот лидерски форум, што се одржува во рамки на стопанската недела организирана од Блумберг. Според владиното соопштение на форумот премиерот ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија и предвидено е да има средби со претставници од неколку светски реномирани компании.
XS
SM
MD
LG