Достапни линкови

logo-print

Рикер: Исходот од самитот во Лисабон за Македонија е очекуван


Исходот од Самитот на НАТО во Лисабон за Македонија беше очекуван. Се надевам дека нема да потрошите уште две и пол години за да се дојде до решение за спорот за името кое е услов за добивање на поканата за членство во Алијансата. Ова го изјави денеска американскиот амбасадор во Скопје Филип Рикер. Тој додаде дека нема никакво изненадување од Самитот, Северноатлантскиот совет ги повтори позициите од Букурешт, а тоа е дека Македонија ги исполни критериумите и земјата ќе добие покана за членство штом го реши прашањето за името со Грција. Рикер истакна дека е разочаран оти се уште не е постигнато решение.
XS
SM
MD
LG