Достапни линкови

Украина ќе исполнува услови за визна либерализација


Украина и Европската Унија денеска се согласија околу работите кои Киев треба да ги исполни за да бидат укинати визите за Украинците. Таканаречениот „акционен план“ го донесоа на самит во Брисел оддржан меѓу украинскиот претседател Виктор Јанукович, претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот Совет Херман Вон Ромпуј.
Според планот Киев треба да ја подобри граничната контрола, миграционата политика и воведување на патни исправи според европски стандарди.
Баросо изрази загриженост за човековите права во Украина.
XS
SM
MD
LG