Достапни линкови

Груевски го честита Денот на Албанската азбука


Премиерот Никола Груевски на припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија им го честита Денот на Албанската азбука - 22 ноември.
Како што се наведува во соопштението, денот на создавањето на албанската азбука има голема симболика за припадниците на албанската етничка заедница и е од големо значење и за нашето општество како сплет на култури, религии и јазични разноликости.
Определбите на Владата, како што е наведено, се за постојано негување на високите стандарди на заштита на културниот, етничкиот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници во Република Македонија.
XS
SM
MD
LG