Достапни линкови

Индија ја тресе корупциски скандал


Индиската влада не постигна договор со опозицијата за прекин на блокадата на Парламентот. Опозицијата бара да се спроведе парламентарна истрага за корупцискиот скандал околу продажбата на лиценца за мобилен телефонски оператор. Министерот за телекомуникации Андимут Раџа, кој во минатата недела си поднесе оставка, е осомничен дека ја оштетил држаната каса за 40 милијарди долари. Владеачката коалиција го одби барањето на опозицијата затоа што за овој случај се води посебна истрага.
XS
SM
MD
LG