Достапни линкови

logo-print

Ваши коментари


Зградата на Владата на РМ

Зградата на Владата на РМ

Дали политичарите си ги исполнуваат ветувањата е новото прашање за коментар во рубриката Хајд Парк каде веќе пристигнуваат различни мислења од нашите слушатели.

Нашето ново прашање во Хајд паркот, проследено и со видео-анкета на граѓани, гласи дали се исполнети ветувањата и дали политичарите во Македонија мислат на народот. Слушателот потпишан како Кубур од Скопје напишал дека нема ни потреба да ја гледа видео-анкетата, затоа што знае - политичар во Македонија е еднакво, како што вели, на преварант.

Како и да е, почитувани, неделата е пред нас па ќе очекуваме повеќе ваши одговори. Има, меѓутоа, повеќе ваши коментари, на извештаите од нашите новинари, на пример, за текстот „Од прашање за името до идентитетска криза“, и тоа главно пораки со правни совети како да постапи Македонија во случајот со преговорите за името. Слушател потпишан со СМК смета дека проблемот е токму правен, а не политички и историски и бара министерот Милошоски веднаш да поднесе оставка затоа што не го разбирал проблемот со името, особено не правниот дел. СМК предлага веднаш да се оди на Судот во Хаг - но, колку за потсетување, во Судот веќе е во тек процесот Македонија версус Грција, што предлага и Академик од Скопје, плус акција во Генералното собрание на ОН.

На нашиот текст насловен со „Страв“, поткрепен со мислења од експерти зошто граѓаните, па и интелектуалците дури и академиците од МАНУ не го кажуваат своето мислење отворено, нашиот редовен слушател и пишувач на пораки Миле од Охрид смета дека слободата на говорот во Македонија била толкава што се претворила во своја спротивност. За него слобода на говор било класична странска пропаганда која загрозувала туѓа слобода.


Ники од Скопје го коментира нашето интервју со евроамбасадорот Фуере, и има забелешки на политиката на државите - членки на ЕУ, кои, вели, не сакаат да си го променат ниту префиксот на телефоните, а нас не' принудувале да си го менуваме името.

Има неколку пораки, поточно еден вид, пишан дијалог меѓу двајца слушатели и на написот за се' поголемата раширеност на родосквернавењето и педофилијата кај нас, па Јустинијан смета дека религиозната педофилија, како што ја нарекува, е раширена поради тоа што моралните вредности поради кои постоела религијата се разорувале се подлабоко. Александар, пак, смета дека педофилијата е посебен деликт и дека нема врски со хомосексуалноста, а такви случаи, според него, се случувале најмногу во религиозни семејства.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG