Достапни линкови

СДСМ ќе бара предвремени избори


На 16 декември по Самитот на ЕУ, СДСМ ќе поднесе иницијатива до Собранието на Република Македонија за гласање недоверба на Владата, изјави лидерот на оваа партија Бранко Црвенковски на синоќешниот митинг во Штип. Тој ги повика парламентарни партии во следните два месеци со забрзана процедура да ги донесат неопходните измени во Изборниот закон и да се исчисти избирачкиот список со цел да се создадат основни услови за фер и демократски избори. Црвенковски обвини дека нема никаков напредок во евроинтегративните процеси на државата и оти власта се обидува да ја отргне земјата од НАТО и ЕУ.
Премиерот Никола Груевски, пак, изјави дека на митингот на СДСМ во Штип лидерот на партијата Бранко Црвенковски не кажал ништо ново, бидејќи во сите говори досега тој само ја критикува власта, а не се фокусира на тоа што тие би презеле во иднина.
XS
SM
MD
LG