Достапни линкови

Клинтон: Прегледите со новите скенери треба да бидат помалку непријатни


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во интервју за СБС изјави дека е јасна потребата од зголемени мерки за безбедност на аеродромите, вклучувајќи и скенери за детален преглед на телото, но треба да се најде начин овие мерки да се направат помалку непријатни.
Таа додаде дека сосема е разбирливо што за некого ваквите мерки за безбедност изгледаат навредливо и дека и таа доколку не мора не би се подложила на таков вид на контрола. Скенери за детален преглед на целото тело се поставени во неколку британски аеродроми но наидоа на критика дека со нив се крши правото на приватност на патникот.
XS
SM
MD
LG