Достапни линкови

СДСМ со протест во Штип ќе бара предвремени избори


Опозициската партија СДСМ вечерва со протестен митинг на плоштадот во Штип ја почнува битката за предвремени избори.
Во партијата велат дека по забелешките на Брисел во последниот извештај и дебаклот на самитот во Лисабон, по кој Македонија повторно остана надвор од алијансата, сега народот е тој што треба да одлучи за натамошната иднина на државата. Пред протестот на опозицијата претходеше и мал контра протест на кој претставници од Граѓанската иницијатива „Жртви на транзицијата“ денеска во Штип обвинија дека лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски е виновен за македонската транзиција и побараа тој да си замине од политичката сцена.
На ова случување СДСМ излезе со писмена реакција во која се вели дека таканерешените „жртви на тразицијата“ се партикси војници и „доколку се продолжи со ваквите провидни сценарија и смешни провокации, организаторот на митингот, не гарантира за безбедноста на оние кои се дрзнале како партиски платеници да го опструираат протестот на СДСМ и граѓаните“.
На ова се огласи и ВМРО-ДПМНЕ со соопштението во кое негира дека стои зад „жртвите на транзицијата“, новели дека луѓето протестираат, затоа што не можат да ја избришат меморијата за милионите искрадени од пирамидалните штедилници , мафијашката транзиција и над 200.000 луѓе кои останаа без работа во времето на Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG