Достапни линкови

logo-print

Весник „Билд ам Зонтаг“ бара ослободување на германските новинари во Иран


Уредникот на германскиот весник „Билд ам Зонтаг“ Валтер Мајер ги отфрли и оцени како „апсурдни“ обвинувањата дека двајцата германски новинари кои се во притвор во Иран се шпиони.
Двајцата германски новинари беа уапсени минатиот месец додека го интервјуирале синот на Сакине Мохамади Аштиани, Иранката која е осудена на смртна казна со каменување поради прељуба. Иранските власти соопштија дека Гермнаците се претставувале како новинари но не покажале никаков доказ за тоа.
Мајер во едиторијалот на денешното издание на весникот пишува дека иранските власти совршено знаат дека едниот е новинар а другиот фоторепортер и „ништо друго“. Тој побара германските новинари да бидат ослободени.
XS
SM
MD
LG